Лебедите не се толку нежни и пристапни животни. Тие храбро ја бранат својата територија и често знаат да бидат многу борбени. Тоа е причината зошто фотографиите, на кои лебедот го гушка ТВ презентерот Ричард Виз го обиколија светот.

Пред неколку години, Виз посетил една колонија на лебеди во Велика Британија. За време на снимањето на емисијата „Борн ту експлор“, телевизискиот водител наишол на лебед кој се повредил при прескокнување на ограда. Без размислување го земал во раце повредениот лебед и го однел на преглед кај ветеринар.

Кога по неколку години ја посетил оваа иста колонија, Виз се шокирал со тоа што го доживеал. Имено, лебедот се сетил на својот спасител.

-Го зедов в раце и почувствував како срцето му чука забрзано. Во еден миг само го замота својот врат околу мене. Ме прегрна, рече за „Дејли мејл“, Ричард.