Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, се искачи на второто место на вечната листа поентери во НБА-лигата. Џејмс ноќеска во поразот (119:127) на гостувањето кај Вашингтон постигна 38 поени и со 36.947 го престигна Карл Мелоун кој има 36.928 поени.
Навивачите на Вашингтон визардс го поздравија успехот на Џејмс со овации.
На Џејмс му беа потребни 1.363 натпревари за да го надмине достигнувањето на Мелоун, додека играчот на Јута своевремено имаше 1.476 натпревари.
На првото место по ефикасност во историјата на НБА е Карим Абдул-Џабар со 38.387 поени.
Леброн е втор по поени, седми по асистенции и 39-ти. по скокови.
Во сезоната 2021/22 Леброн Џејмс е втор по просечен учинок со 29,7 поени по натпревар.