Денес почнуваме со обелоденување на скандалот “Бисера Антоанета”, серијал на прес конференции низ кои ќе презентираме во каква аздисаност и раскош живеела и министерувала Бисера Костадиновска Стојчевска, пардон Бисера Антоанета министер за култура од СДС, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
На почеток сакаме да нотираме дека согласно Уредба е регулирано трошоците кои ги прави министерот за култура на месечно ниво да не можат да надминат 60 евра во денарска против вредност. И дека истите треба да направат раздолжување во благајничката каса во рок од 7 дена по завршувањето на службениот пат.
Бисера Антоанета во неколку наврати го пречекорила дозволеното ограничување, а се раздолжувала и по неколку месеци.
Ова е само вовед. Суштината е во деталите, а тоа во овој случај е како се трошени средствата на граѓаните од страна на Бисера Антоанета.
Денес ќе го презентираме првиот случај. Имено во октомври 2023 година министерката Бисера Антоанета остварила службено патување во Лондон во траење од 4 дена и тоа од 24.10.2023 до 27.10.2023 година, покрај трошоците направени за хотелско сместување, во патниот налог има приложено сметки за репрезентација, но при уводот на содржината на сметките за репрезентација и увидот во приложените сметки од службената картица ВИЗА, се констатира ненаменско трошење на буџетски средства спротивно од прописите.
Бисера Антоанета потрошила 714 фунти, исклучиво за лични потреби, во Продавницата Gift Galore London потрошени се 89 фунти и купени се фудбалска топка – city football и плишено мече – Paddington bear и двете платени од службената картичка ВИЗА.
Шопинг манијата на Бисера Антоанета не запрела тука, туку продолжила и во познатата продавница за куфери Samsonite, каде министерката со средства од Буџетот решила да се поднови со два куфара еден голем Upscape spiner 68/25 Black во износ од 219 фунти од службената картичка и еден помал од истата линија во износ од 59 фунти платен во кеш од службените парични средства.
Нормално за да можеме да ја наречеме Бисера Антоанета трошењето морало да продолжи, таа со народни пари пазарела во Mарк & Спенсер каде потрошила 42 фунти за чорапи и хулахопки платени во кеш од службените парични сретства.
Во GIFT BOX во Лондон, продавница за подароци потрошени се 146 евра од службената картичка ВИЗА за ова трошење нема доставена никаква сметка тука само слипот од платежната картичка. Исто така потрошени се 158 фунти платени во кеш од службените парични средства во Warner Bros. Studio Tour London: Harry Potter за подароци како што се раквици, маички, ташна за милениче, изгубената дијадема и сл.
Се на се, за лични приватни потреби Бисера Антоанета троши 714 фунти или пресметано во денарски парични средства 51.169 илјади денари, за 4 дена во Лондон, пари со кои во Македонија се храни цел месец едно 4 члено семејство.
Бисера Антоанета се расфрлала со народните пари, за лични задоволства. Ова е само почеток, во наредните неколку дена ќе покажеме до каде одела раскалашеноста на Бисера Антоанета и зошто велиме дека Македонија е ограбена држава, појасни Лефков.