Димиатр Ковачевски во својата цела историја не обезбедил ниту еден единствен глас на избори за себе и како неизбран ниту знае ниту пак може да биде дел од легитимен демократски процес, вели пратеникот Миле Лефков.
– Факт со кој е запозната целата јавност е дека оние кои се пазареле со Уставот го немаат потребното мнозинство за уставни измени, односно немаат политички капацитет за такви измени, како следбеник се излекува уште еден непобитен факт, а тоа е дека уставните измени уште кога биле ставени на маса некој од крими-коалицијата СДС-ДУИ договарал да се донесат противправно и неуставно!- вели Лефков во интервју за Курир.
КУРИР: Најактуелна тема се уставните измени кои власта се обидува да ги протурка во Собрание. Кој е вашиот личен став за обидот на СДСМ да ги протурка истите?
Лефков: Станува сериозна и загрижувачка долгогодишна пракса наметната од СДС и ДУИ, најважните државни одлуки да се донесуваат во тесен круг на луѓе, и тоа за жал, водени исклучиво од лични бизнис интереси.
Вака донесените “одлуки“ подоцна, противзаконски и противуставно, преку најразлични дезинформации, полувистини, отворени или прикриени закани, фаталистички, се претставуваат како единствена алтернатива, единствена насока по која треба да се движи државата.
Еве во кратки црти тоа е она што се случува и со т.н. “уставни измени“ договарани далеку од јавноста, без консенсус, без опозицијата, во тесен круг на луѓе.
Факт со кој е запозната целата јавност е дека оние кои се пазареле со Уставот го немаат потребното мнозинство за уставни измени, односно немаат политички капацитет за такви измени, како следбеник се излекува уште еден непобитен факт а тоа е дека уставните измени уште кога биле ставени на маса некој од крими-коалицијата СДС-ДУИ договарал да се донесат противправно и неуставно!
Мојот личен став е дека пазарењата на крими-коалицијата со правниот поредок и со Уставот претставуваат грубо рушење на основните демократски принципи. Со неправо не можете да создадете право, а уште помалку да обезбедите напредок, уставните измени“, вака како што се договорени ја водат Македонија во замка!
Целото интервју во Курир.