Наместо извинување од страна на СДС и Филипче за невистините кои ги изнесоа во јавноста за наводни мигранти во Македонија, тие и понатаму продолжуваат да лажат. ПР-от на СДС и Филипче кој очигледно е дека не им оди од полза, треба под итно да го променат затоа што бродот на СДС тоне се повеќе и повеќе, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално.
Откако добија демант од британскиот амбасадор за наводни мигранти и мигрантски кампови во Македонија, СДС и натаму продолжува тврдоглаво со главата во ѕид, мислејќи дека ако повторуваат 100 пати една лага таа ќе стане вистина.
СДС и Филипче лажеа дека никогаш не говореле за мигрантски кампови, а тие беа истите кои велеа дека Македонија станува голем мигрантски камп и црна точка во Европа.
За секоја нивна лага следува демант. И нема извинување, нема одговорност.
Само лаги, манипулации и деструкција. Основните три начела на СДС, затоа и се трета партија во Македонија со 130.000 гласови.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ




