Мафијата на смртта поддржана од Филипче ги чини граѓаните животи, додека тие профитираат, народот страда. Го повикуваме ФЗОМ да ја објави вистината за екстра профитите на мафијата на смртта, и колку секоја година некој става во џеб, а пациентите не го добивале тоа што треба. Го повикуваме ЈО да не чека и да почне да постапува, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
-Не може цела држава да биде заложник на една веледрогерија со блиски релации со опозицијата. Тоа што Венко Филипче имал лични врски со таа веледрогерија втемелени на партиска припадност не може да биде амнестија за народот да страда. Три децении пациентите се заложници на мафијата на смртта, која уништува животи. Ниту Венко Филипче, ниту мафијата на смртта предводена од веледрогеријата др. Пановски не можат да бидат над законите. Одговорност за долгогодишното испумпување на пари од ФЗОМ и Клиниките мора да има. Потребни се одлучни мерки, да се заштитат пациентите и граѓаните во целост, вели Лефков.