СДС знаеле за криминалот на Груби од црната листа и од Лотарија, не реагирале за да не падне владата, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС се виновни што Артан Груби со години ја крадел државата и влијаел врз судството. Соучесник во криминалот му бил Димитар Ковачевски, претходникот на Венко Филипче.
И МВР под капата на СДС знаеле за криминалот на Груби. Со години немало никаква реакција од институциите под капа на СДС, затоа што раководството на таа партија сакало да остане на власт по секоја цена, додаде во изјавата.

И Венко Филипче знаел дека Груби е корумпиран, но не презел ништо. ВМРО-ДПМНЕ со години зборува за криминалот на Груби, но СДС дозволија тој да метастазира до невидени размери. СДС се целосно виновни за грабежот кој го приреди Груби, потенцира Лефков.

Во СДС ништо не е сменето истите луѓе кои беа на позиции додека Груби крадеше, на чело со Филипче повторно се таму. СДС треба јавно да го осудат Груби и Ковачевски, изјави Лефков.