Владата на СДС и ДУИ исплаќала пари за проекти за кои немала целосна евиденција дали средствата се потрошени за намената за која и се префрлени. ДЗР во својот извештај за 2021 година нотира дека Владата на СДС и ДУИ за потпроектите кои се дел на Проектот за локална и регионална конкурентност, исплатата кон добавувачите ја врши од буџетот на Владата, при што Владата нема целосни информации за искористеноста на средствата за намената за која е планирана програмата како и податоци дали градежните објекти и опремата се целосно евидентирани како државен имот кај крајните корисници, посочува Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Владата на СДС и ДУИ префрлале милиони, а не знаела дали и како се потрошени средствата. Ова не е констатација на ВМРО-ДПМНЕ, ова го утврдил Државниот ревизор. Неодговорното трошење на народни пари имало пандемиски размери. Власта на СДС и ДУИ очигледно е дека не водела сметка како и каде завршуваат парите додека завршуваат кај фирми блиски ним. Власта на СДС и ДУИ со милионите за кои не знаат каде завршиле можеле да направат десетина градинки или да набават стотина амбулантни или возила за гаснење пожар, рече тој.
Лефков посочи дека неодговорното однесување завршува.
-Неспособноста завршува со нив. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи 100% одговорно за твојата иднина, рече тој.