Убедлив триумф со 127:101 забележаа кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс ноќеска на гостувањето кај актуелниот НБА шампион Голден Стејт.

Мечот го одбележа и повредата на ѕвездата на Лејкерси, Леброн Џејмс кој го заврши натпреварот предвреме. Џејмс некаде на средината на третата четвртина се пожали на повреда на препоните и го напушти теренот.

Во победничкиот состав се истакнаа Кајл Кузма со 19 поени, Ивица Зубац си 18 поени и 11 скока, додека Леброн застана на 17 поени и 13 скока.

Кај домаќините најефикасни беа Андре Игодала со 23 и Кевин Дурант со 21 поен.

На другиот дуел одигран ноќта меѓу вторник и среда Јута беше поуспешна од Портланд со 117:96.