Лејла Кадриу – обвинител од СЈО која си замина после 2 или 3 месеци од кога почна со работа во СЈО – раскажува како Владимир Панчевски, екс претседателот на Кривичниот суд во Скопје, бил таргет од страна на СЈО и како му монтираа предмети бидејќи во тој момент како претседател на Кривичен суд им застанал на патот на нивното незаконито работење и барал да работат како што налага законот и не им давал предмети да излегуваат надвор од Судот.

Тој бил мета на СЈО и зборувале дека по секоја цена Владимир Панчевски не смее да биде таму за да не им смета во нивните незаконски дејствија.

Потоа додава дека не можеле да му најдат ништо незаконски, па почнале да му измислуваат предмети со АКМИС системот, а како што работел тој работеле и другите претседатели на останатите судови и на Врховен и на Апелација и на Управен итн, меѓутоа Панчевски бил метата бидејќи не соработувал со нив во нивните незаконски дејствија и по секоја цена морало да го тргнат.

И планот им се оствари, вели Кадриу.

„Му измислија дело со монтиран судски процес на еден од најстручните и најеминентните правници во Македонија кој заврши во затвор – претседател на Кривечн суд кој во тоа време на анкетите за правосудство во имаше доверба во судството повеќе од 50% а не како изминативе 7-8 години со 2% рејтинг доверба во судот“.