Лекар во болница во Атина побарал мито од сопруг на родилка соодветен на тежината на бебето, објави весникот „Катимерини“ кој се повикува на изјава на очевидец.
Двојката од прoвинција побарала помош заради компликаци за време на бременоста, по што лекарот во Атина им побарал да му платат однапред 1.000 евра, а по раѓањето дополнителна сума соодветно тежината на новороденчето.
Бебето се родило со тежина од 2,1 килограми. Лекарот побарал подоцна уште 2.000 евра, објави весникот кои му ги платил сопругот на жената која се уште се наоѓала на интензивна нега по операцијата.
Атинскиот лекарски сојуз реагирал на информацијата и ветиле разврска на случајот.