Виетнамски лекари спасија пациент од алкохолно труење откако во стомакот му вбризгале пет литри пиво, објави Дејли меил. Пациентот бил на возраст од 48 години и бил донесен во многу тешка состојба на интезивната клиника во болница во провинцијата Куангчи.

Нивото на метанол во крвта му било 1.119 пати повисоко од нормалното.

За да го спасат му вбризгале веднаш во стомакот три кригли пиво (околу еден литар). Со тоа го забавиле обработувањето на метанолот од црниот дроб.

Тоа им дало доволно време да ја пречистат крвта преку дијализа.

Лекарите му вбризгувале во стомакот на секој час по една кригла пиво.

Пациентот дошол „при себе“ по 15-та кригла.

Пивото содржи етанол. Стомакот и цревата продолжуваат со испуштање алкохол во крвта дури и кога човек прекинал да пие или е во бесознание. Затоа за извесно време нивото на алкохол во крвта продолжува да се зголемува. Алкохолот е во две варијанти – метанол и етанол. Човечкиот црн дроб го разградува прво етанолот. Менатолот е опасен бидејќи се закиселува до формалдехид, од кој се формира мравја киселина.