Сопругот на британската кралица Елизабета, Војводата Филип од Единбург,  учествувал во сериозна сообраќајка денеска околу 15 часот по локално време.

Бакингемската палата ја потврди сообраќајката на 97 годишниот принц Филип кој поминал без повреди, пренесува Њуз флеш.

Несреќата се случила во близина на кралскиот имот во Сандрингем, каде што Војводата Филип бил со својот „Ренџ ровер“.