Балашевиќ бил примен на Инфективната клиника во клиничкиот центар Војводина во Нови Сад пред три дена. Како што дознава Блиц, тој бил заразен со коронавирус и бил во лоша состојба.
Според Блиц, лекарите ги презеле сите потребни мерки за лекување, но немало подобрување.
Попладнево неговата состојба се влошила поради претходните хронични здравствени проблеми. Лекарите се обидувале да го вратат Балашевиќ во живот два и пол часа, но, за жал, без успех.
Балашевиќ имал срцев удар пред две години, а на почетокот на оваа недела бил примен на Инфективната клиника, каде се лекувал од пневмонија, но тогаш не биле објавени повеќе детали.