Лекарите биле меѓу најскапо платените специјалисти во античко време, а како и денес, изолацијата, била основна мерка за борба со болестите при епидемија. Изолацијата се применувала уште од четвртиот век пред нашата ера, раскажува за БТА археологот Калин Чакров од Региононалниот историски музеј во Велико Трново, Бугарија, а пренесува 24 часа.

Една од најраните документирани епидемии е т.н. „Атинска чума“, која се појавила во 430 година пред н. е. за време на Пелопонеската војна меѓу Спарта и Атина. Поради незадржливоста на спартанците, атињаните решиле да се повлечат внатре меѓу ѕидините на градот, а со нив внатре се сместува и целата популација од околината. Тоа доведува до огромна конценрација на насление, при што доаѓа до недостаок на храна, а хигиената, која во античко време и онака не можела да биде на кој знае какво ниво, сега дополнително опаѓа.

Тоа создава благопријатни услови за заразата, која најверојатно навлегува при доставувањето на храна преку пристаништето Пиреја. Современикот на настаните, историчарот Тукидид, смета дека чумата дошла од Етиопија, преку Египет и Либија. Каков помор бил во Етиопија, веројатно може само да се претпоставува. На тој начин, се заразуваат 100-тици илјади луѓе, а бројот на починати е над 75 илјади, смета Чакров.

Симптомите биле треска, кашлање, кивање, воспаление на очите, стомачни растројства итн. Епидемијата доведува во човечки загуби, страшен пад на економијата и бес на атињаните кон боговите.

Не гледајќи спас, атињаните престанале да ги почитуваат законите, а богатите се обидувале да потрошат се што имаат во деновите кои им преостанале. Вербата во боговите, врзивната точка на сите жители, исчезнала.

Прва и практично единствена мерка која била преземана е болните да се изолираат. Оние кои преживеале, стекнале имунитет, но и социјален престиж кај се уште заразените. Сепак, Тукидид наведува и примери на здрави луѓе, кои им помагале на болните.

Една од поголемоте епидемии која прераснала во пандемија е Антониновата чума, 165-180 година по Христа. Болеста ја донеле римските војници кои биле на поход на Блискиот исток, а чумата бргу „го освоила“ Рим. Епидемијата била таква што умирале по 2 000 лица на ден.

Според древно-римскиот лекар Гален, симптомите биле треска, љупење на кожата од деветтиот ден, воспалените на грлото и стомачно растројство. Се смета дека од болеста починале и римските императори Луциј Вер, 169 г. од н.е., и Марко Аврелиј – 180 г. од н.е. Аврелиј, пред да умре, порачал: Не плачете за мене, мислете повеќе на заразата и на сите тие кои од нејзе ќе умрат.

Во 6. век се јавува и Јустинијановата чума. Ја пренеле бродовите кои носеле жито од Египет, а како причинител се смета бактеријата Yesrinia pestis.

Според историчарот, лекарите во античкиот свет биле меѓу најплатените. Во овие ситуации тие не можеле многу да сторат, а мерката карантин изнесувала 40 дена. Толку време требало да поминат во изолација морнарите на бродовите пред да стапнат на тлото, доколку постоела опасност да носат зараза.

Познато е дека и лепрата во античко време била решавана така што заболените се изолирале на посебни места.