Уште еден лекар не успеа да се избори со корона вирусот. Од гостиварско Боговиње почина 41-годишниот лекар Дашмири, кој поради компликациите од Ковид-19, не ја издржа битката. Од него се збогуваа сите негови сограѓани преку социјалната мрежа Фејсбук и во објавата напишаа:
-41-годишниот пријател од селото Боговиње ја изгуби битката со Ковид-19. Лекарите се најголемите борци против секој вирус и против секоја болест во време на пандемија. И ако ги загубат нивните животи за време на овие сериозни битки, тие се жители Рајот.
Д-р Дашмири е само еден од повеќето лекари во Македонија кои не успејаа да се изборат со болеста и за жал починаа.