Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо во скоро време нема да биде сменет.

Според изјавата на спортскиот директор Леонардо, клубот не бара замена за главниот тренер.

-Гатузо е нашиот тренер и никогаш не сме барале негова алтернатива. Ние не контактиравме со други тренери, како што се шпекулираше.

Претходно беше објавено дека Гатузо во брзо време ќе биде разрешен.

Милан утревечер од 20 часот и 30 минути игра со Спал.