Познатата српска дива Лепа Брена важи за жена која е секогаш средена од глава до пети. Ситуацијата во која се наоѓа целиот свет како на сите така и на познатите ѕвезди им наложи да не настапуваат па така некои од нив имаат повеќе време за семејството, а некои и за егзотични патувања. Помеѓу овие вторите е токму и Лепа Брена која времето максимално го користи за уживање на некои од земјите надвор од Србија.

Но, ова се и времиња кога таа не посветува толку големо внимание на својот изглед па папараците низ Србија уловија и еден многу интересен момент кој сите би сакале да го видат, Брена без шминка и без средена коса на пазар.

Пејачката прво го посетила делот за млечни производи, па купила јужно овошје, евтини шминки, но и цвеќиња во разни бои.

Ретко може да ја видиме во вакво издание, а пејачката во една прилика истакна дека во својот дом имаат автомобили за секоја прилика, па и за на пазар.

Како изгледа Брена додека пазарува погледнете во видеото подолу.