Во емисијата „Добро утро Танјуг“, односно „Прелистување на печатот“ на ТВ Танјуг, интересно видување за улогата на Михаил Горбачов изнесе поранешниот дописник од Лондон на Танјуг, сегашниот публицист Синиша Лепојевиќ, кој живее и работи во Лондон, но е чест гостин на белградските телевизии. Лепојевиќ важи за извонредно информиран новинар и публицист, упатен во многу тајни од случувањата во светската политика. Еве како гледа Лепојевиќ на улогата на Гобрачов:
ВОДИТЕЛ: Синиша, за крај едно важно прашање – умре Михаил Горбачов, несомнено историска личност. Го урна Берлинскиот ѕид, на некој начин го урна и комунизмот!
ЛЕПОЈЕВИЌ: Околу Горбачов постојано се градеше еден стереотип дека тој го урна комунизмот. Јас мислам дека тој не го урна комунизмот, ниту го урна СССР, туку нему му припадна историската улога да биде на чело на СССР во тој момент. СССР се урна одвнатре, сам се урна, бидејќи тој модел на општество остана без идеа и тоа одамна и почна да се урива одвнатре. Секое општество прво пропаѓа одвнатре, а не дека некој од надвор може да го урне. Горбачов можебе беше во одредена смисла наивен околу тој процес, но немаше улога во тоа. Неговата најголема историска улога се состои во обединувањето на Германија. Западна Европа беше против обединувањето на Германија! Францускиот претседател Митеран одеше во Москва лично да го моли Горбачов да не дозволи обединување на Германија. Тој тоа го одби. Му рекол дека му ветил на Хелмут Кол и дека Германија ќе се обедини.
Маргарет Тачер, со која Горбачов беше во добри односи, по телефон го молела, кога веќе не сака да го спречи обединувањето на Германија, барем да ја задржи советската војска во Источна Германија, но тој и тоа го одбил. Така што според мене, тој има историска улога во таа смисла, во обединувањето на Германија, а не во распадот на СССР, бидејќи тоа ќе се случеше и без Горбачов.
ВОДИТЕЛ: Тачерка тогаш рече, ако се сеќаваш, „јас толку ги сакам Германците, што ми е драго да имаат две држави“. Ви благодарам Лепојевиќ.