Маж кој летал со балон случајно открил плантажа со марихуана во близина на градот Росток во Германија.
– Маж летал покрај Росток кога ја открил плантажата. Подоцна пријави во полиција. Плантажата е во дел до кој е тешко да се стигне, посочи портпаролот на локалната полиција.
Германската полиција запленила 123 стебла марихуана за време на рацијата која се уште трае.