Инфлација од 16 отсто во Македонија за колку што пораснале трошоците на живот во јули годинава во однос на јули претходната година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Ова е највисока стапка на инфлација измерена досега во земјава, откако во јуни беа пресметани 14,5 отсто.
Табелите од ДЗС говорат дека најмногу поскапела храната и алкохолните пијалоци, односно за дури 23,6 отсто, што значи дека во јули се тие поскапи за близу една четвртина во однос на истиот месец лани.
Уште подраматично е ако се гледа колку поскапеле маслата и мастите, дури 51,9 отсто, што значи дека за повеќе од половина имаме поскапување кај зејтинот.
Лебот и житата во јули годинава во однос на јули претходната година поскапеле за 36,5 отсто, за 23,5 отсто млекото, сирењето и јајцата.
За да нема забуна околу датумите од ЕУ. Бившиот премиер Зоран Заев еднаш „го доби“ и ни го соопшти од авион, а со друг авион неговиот партиски и државен наследник, Димитар Ковачевски, отиде во Брисел за да ни соопшти дека и тој добил не само датум туку и „почеток на преговори“ за што се уште не е најјасно дали е почеток или само претпочеток.
Во меѓувреме државното водство се фотографира и се фали со „почетокот на преговори со ЕУ“, а народот во Македонија може да се слика со високата инфлација и поскапиот живот.
(Д. Г.)