Летонија денеска најави дека нема да ги прифати оние кои бегаат од Русија поради мобилизација.
– Поради безбедносни причини, Летонија нема да обезбеди хуманитарни или други визи за руските граѓани кои избегнуваат мобилизација, ниту ќе ги промени условите за преминување на границата, изјави летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевич.
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој нареди делумна мобилизација.
Министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека ќе бидат повикани 300.000 резервисти. Во Русија има вкупно 25 милиони резервисти.