ЛЕВИЦА

Скандалозни се најавите дека може да дојде до исклучување на колекторскиот систем на Охридското езеро, поради превисоки сметки за струја.

-Сите препумпни станици, вкупно 18 на број, работат на електрична енергија и директорот на ова јавно претпријатие најави дека постои можност сите во еден ден да бидат исклучени.

-Прекин на работата на пречистителната станица и пумпните станици што учествуваат во прочистувањето на водите на Охридското Езеро би значело фатална еколошка катастрофа за едно од најстарите природни езера во Европа!

-Скандалозен е и молкот на министерот Нуредини за оваа сериозна закана по Охридското езеро, од каде нема никаква најава за преземање мерки за ваквата опасност.

Неспособноста и немањето стратегија на криминалната коалиција СДС-ДУИ се рефлектира во секоја сфера на општествениот живот – преку национални понижувања, економски пустош, коруптивни скандали до целосна деградација на најзначајните природни богатства.