Во судирите меѓу двете најмоќни вооружени фракции во главниот град на Либија, Триполи, загинаа 27 лица, јавува денеска Ал Џезира, повикувајќи се на медицинските работници.
Според извештајот на Катарската телевизија, во насилствата се повредени 160 лица, а вкупно 234 семејства се евакуирани од областите погодени од насилството.
Борбите што избувнаа доцна во понеделникот се смирија откако едната страна синоќа го ослободи командантот чие заробување го предизвика судирот.
Специјалните сили за одвраќање и 444-та бригада се двете најмоќни воени единици во Триполи, а нивниот конфликт ги потресе населбите низ либискиот главен град, објавија британските медиуми.
Борбите започнаа откако специјалните сили за одвраќање, кои го контролираат главниот аеродром Митига во Триполи, го фатија командантот на 444-та бригада, Махмуд Хамза, кој се обиде да го напушти Триполи.
Специјалните сили за одвраќање го ослободија Хамза и го предадоа на трета вооружена група која не беше вклучена во борбите.