ПО КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОЖАРИ: Бајден ќе отпатува на Хаваи за да се сретне со преживеаните

/ 16.08.2023

Американскиот претседател и прва дама Џо и Џил Бајден следната недела ќе отпатуваат на Хаваи за да го обиколат островот Мауи што е опустошено од смртоносните шумски пожари, соопшти Белата куќа.

Во понеделник Бајден ќе се сретне со спасувачите и преживеаните, како и со федерални, државни и локални претставници, се вели во соопштението на Белата куќа.

Шумскиот пожар, во кој загинаа најмалку 106 лица, избувна минатиот вторник во близина на градот Лахаина и за неколку часа изгоре површина од 13 квадратни километри. Пожарот уништи 2.200 објекти, а штетата се проценува на 5,5 милијарди долари, соопштија властите.

Една недела од пожарот, трауматизираните жители на Западен Мауи преживуваат со помош, а на многумина не им е дозволено да ги прегледаат своите домови и да чекаат вести за своите најблиски. Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати.

Околу 20 кучиња трагачи ги предводеа тимовите да го пребаруваат опожарениот предел блок по блок. До вчера тимовите покриле само 27 отсто од областа на катастрофата, рече гувернерот Џош Грин во телевизиското обраќање. До викендов се очекува да се расчисти околу 80 до 90 отсто од зоната.


Од истата категорија