Лицемерниот Филипче ужива во друштво на Заев во скапа јахта на Егејското Море и се гоштеваат со лигњи, октоподи и тропски плодови. Ова би поминало незабележано, доколку Филипче и Заев се чесни луѓе, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека неговата партија секојдневно штанца соопштенија како лошо се живее во Македонија, Филипче во друштво на Заев уживаат на скапа јахта, за која тој треба да одговори, чива е јахтата? Да се има јахта, исто така не е грев. Но, грев е доколку таа јахта сте ја купиле со парите од граѓаните, кои ги прелажавте и уништувавте години наназад. Ги оставивте да живеат со 150 денари на ден, а тие – Филипче и Заев, правеа провизии и договори во 4 очи, и се богатеа на грбот на народот. Филипче кој е привезок и послушник на политиките на Заев, треба јасно да каже од каде се парите за скапата јахта? Дали случајно и тие се подарок од фирми кои добивале тендери кога овој криминален тандем составен од Филипче и Заев беше власт? Глумата и лицемерието на Филипче треба да престанат. Тој заедно со неговиот ментор Заев, треба да бидат заборавени во македонската политичка историја, велат од ВМРО-ДПМНЕ.