Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска денеска реагираше на начинот на кој министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, делел маски во Битола. Еве ја нејзината објава:

Арно ама, кога зборува за лицемерие, Петровска изгледа заборавила на нешто друго од 19 јуни:

„Bработените во ЈП Пазари денес повторно спроведоа акција за делење бесплатни маски на граѓаните и тезгаџиите на двата пазари во Битола“, стои во објавата на јавното претпријатие Пазари Битола од 19 јуни.

„Раководството на ЈП Пазари апелира до граѓаните и корисниците на тезги максимално да ги почитуваат и да се придржуваат до препораките на Министерството за здравство за намалување на ризикот од појава на инфекција од Корона вирусот.

Согласно одлуката на Кризниот штаб на општина Битола влегувањето во градскиот пазар во Битола е со задолжително носење на маска или марама“, истакнува ЈП.

А, еве како се делени заштитните маски од лица од општинското ЈП, во надлежност на Петровска:

Како што забележувате, маските не се спакувани и се делени без да се одржува дистанца. Така што прашањето е: Петровска, кој гарантира дека на овие маски нема вирус?

Истото, претходно било сторено и на 16 јуни: