Ѓорѓи Влајнкиноски, лицето кое што беше уапсено поради настаните на 13 јануари во Вевчани, каде што беа испратени специјалци, вчера бил на четиричасовен распит во полициската станица во Струга.
Кога членовите на СДСМ славеа победа во Штип, во затворена просторија со музика и трубачи, никој не им упадна ниту пак им изрече казна за прекршување на законот, а додека за Влајнкиноски инаку член на ВМРО-ДПМНЕ, се поднесени 4 кривични пријави од кои една може да го однесе во затвор 1 година.
Во продолжение текст од неговата синоќешна Фејсбук објава:
„Денес бев на 4 часовен распит во полициска станица во Струга, овде морам да кажам дека инспекторите кои го вршеа службениот разговор беа коректни. Добив 3 прекршочни пријави и 1 кривична пријава“, стои во Фејсбук статусот на ѓорѓи Влајнкиноски, единствениот уапсен од настаните на 13 јануари во Вевчани.
– Кривична пријава по член 206 од КЗ, кој предвидува „тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година, пишува тој.
– Сум учествувал во прослава
– Сум повикувал и поттикнувал и други граѓани на групна прослава
– Прослава најверојатно мислат како таа што беше во Штип кога прославуваше раководството на СДСМ победа на избори на кои сами учествуваа.
– Во Вевчани немаше никаква прослава, па оттука ниту пак јас учествував во прослава, а уште помалку повикував на групна прослава
– Омаложување и навредување на полициски службеник во вршење на служба
– Најодговорно тврдам дека такво нешто немаше!
– Неовластено снимање
– Незнаев дека треба овластување за снимање на јавен настан кој се одвива на јавен простор кој истиот настан го снимаа, фотографираа, стотици граѓани, новинари и фоторепортери.
20 евра за неносење заштитна маска;
Признавам – виновен сум, нема предавање, борбата продолжува!
Да живее Вевчани и Македонија, се вели во неговиот Фејсбук статус.