Мојсоска од Левица додека ги напаѓа колегите пратеници за патни трошоци, си инкасирала над 600 илјади денари за 4 години од Левица, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално.

Лицемерието на Мојсоска и Левица не престанува, тие се тотално демаскирани.

Продаваат скромност и неподмитливост пред народот, а позади нивниот грб ги полнат сопствените џебови.

Мојсоска додека во Собрание ги напаѓа колегите зошто законски добиваат патни трошоци, таа од сопствената партија од 2021 година до денес, инкасирала над 600 илјади денари.

Врз кој основ ги добила Мојсоска овие пари? Дали овие пари се партиски патни трошоци? Колкаво е лицемерието на Мојсоска и Левица да од една страна ги напаѓа колегите пратеници, а од другата, од сопствената партија зема над 600 илјади денари?

Мојсоска и Левица се прочитани.

Одговор на новинарско прашање

Манасиевски: Филипче и СДС се уште не се оградија од кампањата и повиците за линч на премиер

Прашање:  Може ли ваш коментар за фотографиите кои излегоа по социјалните мрежи во кои се вели дека виновници за пожарот во Кочани се Мицкоски, Тошковски и Јанев?

Одговор: СДС и Венко Филипче не се оградија од кампањата и повиците за линч на премиерот. Дали тоа значи дека СДС и Венко Филипче повикуваат за линч на премиер, на министер за внатрешни работи и на директор за јавна безбедност? Во отсуство на проекти, во отсуство на програма, единствено нешто што понудува Венко Филипче и СДС се подметнување на пожари и еве овие фотомонтажи зад кои сметаме дека тие стојат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ