Човекот кој последниот ден бил одговорен за здравјето на покојниот Диего Армандо Марадона, хирургот Леополдо Луке, е под истрага на обвинителството поради, како што наведоа аргентинските медиуми, небрежност и пропусти во третманот на фудбалската легенда!
Според „Телеграф“, истрагата била покрената по сведочењето на ќерките на Марадона, Далма, Џана, Џанина, а обвинителството одговорило со наредба-полицијата да изврши рација на двете адреси каде што обично престојувал Леополдо Луке – во клиниката каде што работи и дома.
Локалните медиуми јавуваат дека дури 60 полицајци биле вклучени во оваа акција, на споменатите две локации, каде што на Луке му биле одземени сите документи што можат да послужат како доказ во истрагата.
Луке ќе се појави на суд во текот на денот, или во понеделник, каде ќе одговара за небрежност и пропусти во постапките по отпуштањето на Марадона по операцијата на главата, која тој лично ја водеше на клиниката во Буенос Аирес.
Луке е обвинет дека не ги спровел сите потребни процедури за време на отпуштањето на Марадона од болницата, за неговата небрежност и довела до тоа Диего да нема соодветна и брза медицинска помош кога му се слошило.
Повикот на Луке во брза помош, кога бил информиран дека на Марадона му е лошо, исто така ќе послужи како доказ за обвинителството. Како што објави аргентинскиот портал „Ел Диа“ пред два дена, Луке за време на краткиот разговор со својот соговорник од брзата помош, не кажал дека на Диего Марадона му е потребна итна интервенција, туку на 60-годишен маж.
Леополдо Луке не бил до Марадона кога починал.