Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње ги сумираше впечатоците од натпреварот од 9. коло на италијанскиот шампионат против Рома (4:0).

– Атмосферата околу натпреварот сигурно ни даде дополнителна мотивација бидејќи сакавме да му оддадеме почит на нашиот идол. Смртта на Марадона е болна, а на овој натпревар повеќе од вообичаеното сакавме да прикажеме одлична игра за него и за овој град.

Се надевам дека ова ќе биде нашата почетна точка, бидејќи ако играме така, можеме да создадеме сериозни проблеми за секој противник. Ако продолжиме во ист дух, ќе можеме да постигнеме големи цели, истакна Инсиње за „Скај Спорт Италија“.

По синоќешниот триумф Наполи се искачи на 5. место на табелата во Серија А со 17 бода, Рома е една позиција подоле со ист број бодови.