Лидерот на радикалното талибанско движење Хајбатула Ахунџада нареди ослободување на политичките затвореници од затворите во Авганистан. Информацијата ја пренесе портпаролот на Талибанците, Кари Јусуф Ахмади.

„Врховниот водач на Исламскиот емират, шеикот Ал-Хадис Хаибатула Ахунџада (Хафизула), нареди ослободување на политичките затвореници од сите затвори. Провинциските гувернери безусловно ќе ги ослободат сите политички затвореници од низок и висок ранг од затворите во земјата и од утре ќе им ги предадат на нивните семејства“, напиша Ахмади на Твитер.