Премиерот Димитар Ковачевски по денешната лидерска средба за уставните измени со повеќето партиски лидери порача дека очекува сите да бидат на ниво во нареднот период и да дадат свој придонес за решавање на проблемите.
„Никој нема право да ја кочи иднината на државата заради партиски интереси. Никој нема право да блокира процеси кои се приоритет и развој. Очекувам сите да сме на ниво на задачата, да дадеме се од себе и максимално да дадеме свој придонес. Ние треба да обезбедиме за граѓаните европска и побогата иднина“, рече Ковачевски.