Фудбалерите на Лидс, меѓу кои и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, со победа од 1:0 против Бирмингем го прославија 100-тиот роденден на клубот.
Алиоски ги одигра сите 90 минути на овој историски натпревар во историјата на клубот од областа Јоркшир, и доби жолт картон. Голот за победа го постигна Калвин Филипс во 65-та минута.
На трибините на „Иланд роуд“ имаше 35.731 гледачи, што е рекордна посета сезонава.
Со оваа победа, Лидс дојде до 23 бода од 12 кола, и го држи второто место во англискиот Чемпионшип, со два бода помалку од лидерот ВБА, но во трката за места во Премиерлигата има уште неколку тима кои се веднаш зад Лидс