Наполи имаше успешна генерална проба пред настапот во фудбалската Лига на шампионите, и со двата гола на Полјакот, Аркадиуш Милик, извојува победа над Верона од 2:0 во меч од италијанската Серија А.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, не влезе во игра, средбата ја следеше од клупата за резерви. Тренерот Карло Анчелоти веројатно го чуваше Елмас за гостувањето кај Салцбург в среда, па не го искористи против Верона, а и немаше голема потреба.

Наполи е четврти на табелата во италијанското првенство, со 16 бода, еден помалку од Аталанта. Напред на првите две места се Јувентус и Интер. Јуве вечерва ќе ја нагости Болоња, додека Интер утре игра со Сасуоло на гостински терен