Севиља стана првиот тим кој се пласирал во осминафиналето на Лига Европа, откако го победи по втор пат Лацио – сега со 2:0.
Висам бен Једер, кој ја донесе победата на андалузијците со 1:0 на „Олимпико“ пред неколку дена, го отвори резултатот на „Рамон Санчез Писхуан“ во 20-тата минута.
Во второто полувреме работите на теренот се вжештија и Франко Васкез (60) и Адам Марушич (71) беа избркани, а Пабло Сарабија стави точка на спорот со втор гол во 78-та минута.
Севиља го доигра мечот со 9 фудбалери, откако Хесус Навас се повреди и не успеа да продолжи со игра.
Така Севиља, која е најтрофејниот тим во Лигата на Европа, се квалификуваше за осминафиналната фаза на турнирот.
Останатите реванш средби од шеснаесетфиналето на вториот по квалитет европски клупски турнир се играат утре.