По одигрувањето на вчерашните реванш-дуели во второто по квалитет фудбалско натпреварување на Стариот континент, познати се сите двојки од второто квалификациско коло за Лигата на Европа.
Македонија ќе има еден претставник во оваа фаза, откако Шкендија беше елиминирана во 1.квалификациско коло од ЛШ против Номе Калју.
Тетовци ќе се соочат со Дуделанж (Луксембург) а првиот меч го играат на домашен терен.
Од второто квалификациско коло започнуваат со настап и поатрактивни тимови, како италијански Торино, кој ќе се сретне со унгарски Дебрецен, шпански Еспањол излегува против Стјернан од Исланд, а англиски Вулверхемптон, кој имаше одлична во Премиер лигата, ќе се соочи со Крусејдерс.
Сите двојки во вториот квалификациски круг на ЛЕ:
Арарат – Линколн
Б36 Торсхавн – Линфилд
Шкендија – Дуделанж
Санта Колома – Астана
Слован – Фероникел
Норчепинг – Лиепаја
Хаугесунд – Штурм Грац
Легија – Брондби
Домжале – Малме
Апоел БШ – Каират
АЕК Ларнака – Левски
МОЛ Види – Вадуц
Молде – Чукарички
Торино – Дебрецен
Легија Варшава – КУПС
Кабала – Динамо Тбилиси
Абердин – Чихура
Еспањол – Стјернан
Утрехт – Зрињски
Малатијаспор – Олимпија Љубљана
Ренџерс – Нидеркорн
Дунајска Стреда – Атромитос
Пјуник – Јаблонец
Будуќност – Зорја
Вентспилс – Гзира Јунајтед
Стразбур – Макаби Хаифа
Вулверхемптон – Крусејдерс
Млада Болеслав – Ордабаси
Шамрок Роверс – Аполо Лимасол
Флора – Ајнтрахт Франкфурт
Жунес Еш – Виторија Гимараеш
Хонвед – Университатеа Крајова
Алашкерт – ГКСБ
Шахтјор – Еберг
Локомотив Пловдив – Спартак Трнава
Конас Квеј – Партизан
Партизани – Шериф
Арсенал Тула – Нефтчи
ЦСКА Софија – Осијек
Пјаст Гливице – Рига
Луцерн – Клаксвик
Тре Пене – Судува
Арис – АЕЛ Лимасол
АЗ Алкмар – Хекен
Антверпен – Виторул К.
Валур – Лудогорец.