Вчера беше комплетирано второто квалификациско коло за Лигата на шампионите и веќе се познати двојките за третото коло во најпрестижното фудбалско натпреварување на Стариот континент.
Македонскиот шампион Шкендија уште во вторникот обезбеди пласман во следната рунда, откако во реваншот одигра без голови со Шериф во Тираспол, а во првиот натпревар на Градски, тетовци славеа со 1:0.
Следниот противник за тимот на Ќатип Османи е со австриски Салцбург. Првиот натпревар е на 7 август на гостински терен.
Резултати од од второто квалификациско коло на ЛШ:
Види (Унгарија) – Лудогорец (Бугарија) – 1:0 (0:0 во првиот натпревар)
ХИЦ Хелсинки (Финска) – Бате Борисов (Белорусија) – 1:2 (0:0)
Мидтјиланд (Данска) – Астана (Казакстан) – 0:0 (1:2)
Карабах (Азербејџан) – Кукеши (Албанија) – 3:0 (0:0)
Малме (Шведска) – ЦФР Клуж (Романија) – 1:1 (1:0)
Судава (Литванија) – Црвена ѕвезда (Србија) – 0:2 (0:3)
Базел (Швајцарија) – ПАОК Солун (Грција) – 0:3 (1:2)
Штурм Грац (Австрија) – Aјакс (Холандија) – 1:3 (0:2)
Розенборг (Норвешка) – Селтик (Шкотска) – 0:0 (1:3)
Резултати од вторникот:
Спартак Трнава (Словачка) – Легија Варшава (Полска) – 0:1 (2:0)
Шериф Тираспол (Молдавија) – Шкендија (Македонија) – 0:0 (0:1)
Апоел Бир Шева (Израел) – Динамо Загреб (Хрватска) – 2:2 (0:5)
Ждреб од третиот круг на Лигата на шампионите, натпревари на 7/14 август:
Селтик (Шкотска) – АЕК Атина (Грција)
Салцбург (Австрија) – Шкендија (Македонија)
Црвена ѕвезда (Србија) – Спартак Тарнава (Словачка)
Карабах (Азербејџан) – БАТЕ Борисов (Белорусија)
Астана (Казахстан) – Динамо Загреб (Хрватска)
Малме (Шведска) – Види (Унгарија)
Стандард Лиеж (Белгија) – Ајакс (Холандија)
Бенфика (Португалија) – Фенербахче (Турција)
Славија Прага (Чешка) – Динамо Киев (Украина)
ПАОК Солун (Грција) – Спартак Москва (Русија)