ЛИКВИДИРАН УКРАИНСКИ ПРЕГОВАРАЧ: Наводно заради предавство, ноќеска во Киев бил убиен Киреев од преговарачкиот тим со Русија

/ 05.03.2022

Украински и руски медиуми објавуваат дека Денис Киреев, член на првата преговарачка делегација на Украина во Гомел, ноќеска е убиен во Киев, наводно заради предавство.

Информацијата на својот Телеграм канал прв ја објавува поранешниот член на Слуга на народот, и се уште актуелен пратеник во украинскиот парламент, Александер Дубински.

По верзијата на Дубински, Киреев бил застанат од припадници на украинската безбедносна служба СБУ, по што бил ликвидиран заради предавство.

Другата верзија е од Страна.уа, за која украинските безбедносни служби ја потврдува веста за смртта на Киреев и објавува слика од неговиот леш, меѓутоа не добива потврда дали тој е убиен заради предавство или кој е причината, ниту дека егзекуцијата е извршена од СБУ.

Инаку Киреев учествуваше на првиот состанок меѓу двете делегации, но не се појави на вториот.

Дубински, кој беше избркан од партијата на Зеленски, објаснува дека целата кариера на Киреев е врзана со финансии, и го прашува Зеленски по која основа тој завршил во делегацијата на Украина за преговори со Русија. Киреев и претходно беше сомничен за соработка со Русија.

Иако Киреев учествуваше на преговорите, од кабинетот на претседателот во извештаите не го споменуваат него како дел од делегацијата.


Од истата категорија