На денешното рочиште за случајот Титаник (случај за „незаконско“ финансирање на ВМРО-ДПМНЕ) обвинителката Лиле Стефанова со уличен речник до бранителите на обвинетите побара да не реагираат на очигледната повреда на Законот за кривична постапка, пренесува скопски Курир.
Откако виде дека исказот на сведокот Наќо Николоски од Кичево не се совпаѓа со она што го кажал во просториите на СЈО, Стефанова побара од судијата Осман Шабани сведокот да не биде директно испрашуван од одбраната.
На ова реагираше одбраната на обвинетите дека сведокот е во листата на сведоци за директно испрашување под точно утврдени околности како и поради фактот што истиот не е испрашан во присуство на одбраната иако Законот за кривична постапка тоа го предвидува.
Откако овој факт му беше предочен на судијата Шабани како и фактот дека на обвинетите не им беа презентирани доказите во истражната постапка Стефанова целосно се избезуми и на адвокатот Петар Василев од место му се обрати со зборовите „Ај бе ти, ќути таму“ што предизвика реакција кај сите присутни.
Судијата Шабани откако ја смири ситуацијата сепак одлучи во полза на Стефанова и го одби барањето на одбраната сведокот да биде директно испрашуван.
На ова уследи и уште една нервозна реакција откако сведокот на Стефанова, шалтерски службеник од НЛБ банка потврди дека уплатите на средствата за донација на наменската сметка на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2013 се реализирани на законски начин.
Имено, во 2013 година согласно тогашната законска регулатива, било кое лице можело да уплати за друго лице до 60.000 денари на сметка во банка.
Инаку, Лиле Стефанова го водеше слуајот Империја за кој во притвор лежеа Орце Камчев и Сашо Мијалков. Орце Камев и шоднесе кривична пријава бидејќи наводно му барала да и обезеди некаков недвижен имот, а во случајот за тоа се соемнуваше и Ванчо Чифлиганец. Од привата не испадна ништо, како што не испадна ништо и од слуајот Империја на кој се днеусваше рекото на Катица Јамева и боки 13. Во тој случај, пак, беа вмешани судијката Весна Димишкова и нејзиниот брат-адвокат, но и од тоа нема ништо.