Цената на лимоните кај нас достигна околу 200 денари за килограм. Пред само некој ден беше околу 90 денари. Тоа се објаснува со новата набавна цена.

Колку за споредба, еве колку е цената на лимоните во словенчки Меркатор и британски Сејнсбери. Како што можете да видите во Меркатор цената е 1,89 евра за кг, или помалку од 120 денари.

Во Сејснбери ја одбравме понудата со пакување од 6 лимони, што е помалку од килограм (околу 750-800 гр.) а цената на пакувањето е 1,6 фунти или околу 100 денари. Основната опција во Сејснбери е да купите еден лимон кој чини 20 пени, или 10 лимона кои секако ја надминуваат тежината на еден кг е околу 120 денари.

Меркатор:

Сејнсбери: