Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа денеска го загуби мечот од првото коло на ВТА 125 турнирот во Рим. Поуспешна од неа беше домашната тенисерка Дебора Киеза (Италија, 354.место ВТА листа) со 2-1 во сетови (67(1); 63 и 63) во меч што траеше 162 минути.

Мечот беше изедначен, а двете тенисерки добро се познаваат бидејќи беше шести нивни меч во последните четири години. Во првиот сет имаше по два брејка, а сетот беше решен во „13. та игра“ и по 1:0 на поени за Киеза, Ѓорческа освои седум поени и го освои сетот. Во вториот сет од девет одиграни гема, имаше дури седум брејка, а Киеза ги доби првиот и деветтиот гем на свој сервис и сетот го заврши со 6:3 во гемови. Во решавачкиот сет Ѓорческа повторно имаше проблем со сервисот, а ривалката направи три брејка.

Ѓорческа во мечот имаше 6 брејка од 14 можности, а Киеза 8 од 21.

Со денешниот триумф Киеза поведе во меѓусебните мечеви со 4:2 во победи.

Македонската тенисерка следната недела ја очекува настап на ВТА 125 турнирот во Палермо.