„Не можеш во животот сѐ да добиеш. Мораш да се задоволиш со тоа што го имаш. Кога ке ја видиш мојата кариера и сите мои медали. Благодарен сум, не се жалам. Со гордост гледам на мојата кариера. Израснав во малиот Умаг, со тамошниот клуб од петта лига, дојдовме до првата на СФРЈ, потоа со селекцијата на Италија ја елиминирав Словенија, па потоа на СП во Јапонија бевме рамноправни со сите. Па потоа бев во Македонија, пет години тренирав една екипа од крајот на градот, една сиромашна екипа, со неа двапати влеговме меѓу петте најдобри во Европа, а немавме ни добар тоалет“, изјави меѓудругото хрватскиот стратег Лино Червар, за времето поминато во скопски Металург чиј финансиер беше империјата на Минчо Јорданов, по финалето со Шпанија најавувајќи дека се повлекува од репрезентацијата на Хрватска.
Инаку, додека екипата немала ни тоалет, според информациите во медиумите, Минчо Јорданов го плаќал Червар 200 000 евра годишно.