Претседателот на Интерпол Менг Хонгвеј, кој во Кина е под истрага поради кршење на законот, поднел оставка, соопшти меѓународната полициска организација.

Во соопштението се наведува дека Генералниот секретар на Интерпол во Лион ја примил оставката од Хонгвеј, и таа веднаш стапува на сила.

Од Интерпол додаваат дека државјанинот на Јужна Кореја Ким Џонг Јанг ќе биде именуван за вршител на должноста претседател на Интерпол, а нов претседател ќе биде именуван на состанокот на Интерпол во Дубаи, кој ќе се одржи од 18 до 21 ноември, годинава.