Новак Ѓоковиќ ги израдува своите фанови со освојување на Вимблдон, по големата пауза што ја направи поради повредата на лактот.
Со освојувањето на третиот Гран слем, тој доби чек од речиси 3 милиони долари, па така, брзо се качи на врвот на листата на заработка за оваа година. Ѓоковиќ е веќе на третата позиција, со повеќе од четири милиони долари (4.330.630 долари). Најдобар е Рафаел Надал, кој освои над шест милиони оваа година (6.717.922), а потоа Федерер (5.088.440).