Реал Мадрид во летниот преоден рок остана без најдобриот фудбалер, бидејќи Кристијано Роналдо замина во Јувентус во трансфер вреден 112 милиони евра.

Отсуството на Роналдо „Кралевите“ планираат да го надоместат со две нови ѕвезди.

Имено, челните луѓе на клубот од „Сантијаго Бернабеу“ имаат јасен план, на радарот на трикратниот европски првак се наоѓаат беглиските репрезентативци Еден Азар и Тибо Куртоа.

За доаѓањето на овие двајца фудбалери во тимот, Реал е подготвен да издвои 225 милиони евра, а сега останува да се види дали Челзи ќе бидат задоволни од понудата.

Голманот на Челзи истакна дека идната сезона ќе игра во истиот клуб во кој ќе биде и Азар.

Каде ќе оди Азар, таму одам и јас. Ние веќе не се разделуваме, истакна Куртоа по натпреварот за трето место на Светското првенство кое се одржа во Русија.