Литванија купува два системи за противвоздушна одбрана НАСАМС за Украина, рече литванскиот претседател Гитанас Науседа во видео обраќање.
„Тие ќе бидат испорачани во Украина во блиска иднина. Договорот беше потпишан вчера меѓу Литванија, Норвешка и норвешкиот производител Конгсберг Групен“, рече Наузеда.
Тој денеска е во посета на Киев, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски со кој ќе разговара за амбициите на Украина за членство во НАТО.