Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп може да го замени Јоаким Лев на селекторската позиција во германската репрезентација. Договорот на Клоп со „црвените“ е со важност до 2024 година.

Клоп признава дека Ливерпул ќе биде последниот клуб во неговата кариера, а германскиот национален тим ќе биде следниот чекор. Сепак, не се знае кога тоа ќе се случи.

Германскиот тренер и предводник на Ливерпул, во моментов е најдобриот тренер на својата земја и ќе биде кандидат број еден за замена на Лев кој е германски селектор повеќе од 13 години.

Клоп го предводи Ливерпул од 2015 година. Тој ги освои Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светскиот клупски куп.