Ливерпул праќа скаути за Кулушевски. Тој е еден од најдобрите светски фудбалери родени во 2000 година.
Кулушевски со играта во дресот на Парма, го привлече вниманието на многу големи клубови, а почна да игра и за сениорската репрезентација на Шведска, со што неговата врата за настап во македонскиот национален тим е затворена.
Сериозен интерес за Кулушевски има од Интер, кој сака да го донесе уште во јануари, иако од Парма рекоа дека нема да го продадат својот играч пред јуни. Како иден клуб на Дејан се спомнува и Јувентус, и некои англиски тимови, но сега во трката се вклучува и Ливерпул, и тоа со конкретни потези.