Иако Ливерпул има страшен напад со Мане, Фирмино и Салах, Јирген Клон сепак не е премногу задоволен. Од тука и интервенцијата со големиот трансфер на 24 годишниот Набил Фекир за 65 милиони евра, пишува Ле Екип.

Францускиот репрезентативец со алжирско потекло во Лион игра од 2013 година и во 115 натпревари има дадено 45 голови. Неговите голови не се оние „обичните“, во скоро секој може да се види голема доза мајсторство и сјајна техника… Покрај тоа, Јирген Клоп и Ливерпул не се познати како некои кои даваат толку пари, а штом тоа го прават со еден играч, тогаш Германецот има голема доверба во него.

Станува збор за сестран офанзивец употреблив на позициите полушпиц, десно или лево криво, како и чист напаѓач, а „црвените“ побрзаа со работа во страв Фекир да не експлодира во Русија, со што додатно би ја кренал цената.

-Не сум блиску до трансфер во Ливерпул. Постојат контакти со некои клубови, но треба време да ги погледнам сите понуди и да одлучам што ќе права, говореше Фекир пред десетина дена криејќи ја оваа работа како змија нозете.

Сега се чини дека добро размислил и реши да стане дел од најдобриот напад во Европа.

Ливерпул веќе ги има обезбедено Фабињо од Монако, а уште од порано се знае дека се договорија со Наби Кеита од Ред Бул Лајпциг.